Македонија
Италијанските карабинери со обука за македонските служби за спречување екстремизам и тероризам
Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот при Владата, во соработка со Делегацијата на Европската Унија, Единицата за специјални операции Карабинери заедно со агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Италија и со Министерството за внатрешни работи денеска го одржаа првиот промотивен настан на твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“.
Општата цел на проектот е зајакнување на ефикасноста и ефективноста на националните органи за гранична контрола, управување со миграциските текови, борба против тероризмот и организираниот криминал, а негов специфичен фокус е зајакнување на техничките и административни капацитети за откривање, истрага и спречување тероризам.
На промотивниот настан за проектот присуствуваа високи државни функционери, а се обрати и националниот координатор на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот (НКСНЕБПТ), Борче Петревски.
Првата компонента на проектот е насочена кон зајакнување на институционалните капацитети на НКСНЕБТ, на Агенцијата за национална безбедност, како и на другите државни безбедносни служби со цел да се овозможи ефикасно и ефективно координирање на сите агенции кои работат на полето на спротивставување и спречување насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам.
Втората компонента, пак, е насочена кон зајакнување на оперативните капацитети на Бирото за јавна безбедност, за подобро спречување, заштита, следење и одговор на предизвиците поврзани со спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, согласно постоечките национални стратегии.
Во реализацијата на проектот партнер во делот на споделувањето на искуствата и во обуките како партнер е Единицата за специјални операции (ROS) и други високо специјализирани единици од Карабинери кои ќе учествуваат во имплементацијата на активностите од проектот и ќе ги споделат италијанското искуство и најдобрите пракси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.