Македонија
Заев: Потребна е поголема соработка на Црвениот крст со Владата
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со делегација од Црвениот крст на Република Македонија, предводена од генералниот секретар на организацијата, Саит Саити. На средбата заеднички беше констатирано дека оваа хуманитарна организација има клучна улога во општеството кога е хуманоста во прашање.
„Црвениот крст ѝ помага на државата, на институциите, а од друга страна, власта нè почитува и нè препознава како свој партнер“, истакна генералниот секретар Саит Саити.
Премиерот на денешната средба посака сè повеќе да се продлабочува соработката на Црвениот крст со Владата и со Министерството за труд и социјална политика. Потенцирајќи дека премиерот Заев многупати досега ја покажал својата хуманост, генералниот секретар, Саити, побара поддршка од премиерот Заев за измена на неколку законски регулативи што се однесуваат на работата на Црвениот крст. Како што рече Саити, со измените во Законот за безбедност во сообраќајот ќе се регулира издавањето на потврдите за прва помош на возачите. Паралелно, смета генералниот секретар на Црвениот крст, со измените во Законот за Црвениот крст во голема мера ќе се зајакнат капацитетите на организацијата. Саити од премиерот побара и Владата да ја измени програмата за унапредување на крводарителство, односно да се зголеми сумата што ја добива Црвениот крст од буџетот по единица собрана крв.
„Владата има голема почит кон Црвениот крст и неговата работа во интерес на граѓаните. Ако со измените на овие законски прописи успееме да го зајакнеме капацитетот на оваа организација, знам дека таа ќе им се најде на сите граѓани“, истакна Заев.
Генералниот секретар на Црвениот крст средбата ја искористи да го запознае премиерот дека Црвениот крст поседува сертификат за силно национално друштво. Саити истакна дека организацијата постојано ги проширува своите капацитетите сè со една цел – да им помага на што поголем број ранливи граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата. Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2), се вели во соопштението.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.
Македонија
Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година
Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.
„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.