Македонија
Заев по повод Светскиот ден на јавните службеници: Да се биде храбар е морална обврска
Претседателот на Владата, Зоран Заев, упати писмо со честитки по повод 23 јуни – Светскиот ден на јавните службеници, утврден како меѓународен ден од страна на Обединетите нации, до сите службеници.
Во писмото Заев вели дека вчерашниот ден повикува на мисијата на јавните службеници, на тоа дека вработените во јавните служби работат за граѓаните и им служат на сите без исклучок.
„Интегритетот е во основата на вредностите на јавната администрација и клучен принцип за заштита од корупција и од лични интереси. Кога јавниот сервис им служи со интегритет на граѓаните, ги штити и суверенитетот, независноста, безбедноста и просперитетот на земјата и ја поддржува правдата и еднаквоста. Прашање на интегритет е стремежот да се напредува во професијата за да се постигне совршена јавна служба како сервис на граѓаните. Време е да ја ставиме одговорноста на врвот на нашите приоритети“, вели Заев во писмото.
Понатаму премиерот додава дека треба да се биде фер и непристрасен и да се услужат луѓето праведно и подеднакво без дискриминација или фаворизирање при извршувањето на обврските и одговорностите.
„Сите ние, вработените во јавните служби, треба да покажеме пример – што значи да се биде посветен кон потребите на граѓаните и кон стратешките приоритети на сопствената земја. Да се биде посветен на општеството значи да се има желба да се служи на јавниот, општествен интерес и да се стават националните интереси пред личните. Да се биде храбар е морална обврска“, нагласува Заев.
Премиерот порача дека јавната служба мора да биде согласно закон и согласно потребите на граѓаните и им заблагодари на јавните службеници за ангажманот со кој ги сервисираат граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Струмица
Најниска температура од -6 степени Целизусови утрово е измерена во Струмица, соопшти УХМР. Следат Скопје-Петровец со -4 степени, -3 Гевгелија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 0 Kрушево, 1 Куманово, Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Берово, 4 Прилеп, Битола, Велес, Виница, Штип, 5 во Крива Паланка и Демир Капија и 6 во Охрид.
Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри на м2, 12 во Пожаране, 9 Маврови Анови, 3 Попова Шапка, 2 Крушево и 1 л/м2 во Охрид.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Македонија
Возете внимателно, можни се одрони, предупредува АМСМ
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива без поголеми пречки. На граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат надлежните служби.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемена внимателност, особено на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Како критични делници се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде возачите треба да бидат дополнително претпазливи поради конфигурацијата на теренот и можните нестабилности.
АМСМ потсетува дека внимателното возење и навременото прилагодување на условите на патот се клучни за безбедно патување, особено во зимски услови и при променливо време. Се препорачува редовно информирање за состојбата на патиштата пред поаѓање на пат.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

