Македонија
Заев прими делегација на Велика Британија и Северна Ирска – „Поддршка за договорот со Грција“
Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во која беа Ричард Мур, генерален директор за политички прашања и раководителката на Одделот за Албанија, Косово и Македонија во Секторот за Западен Балкан Кетрин Барнс, соопшти владината прес-служба.
На средбата, премиерот Заев се заблагодарил за континуираната поддршка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска позитивно оценувајќи ги билатералните односи и политичкиот дијалог кој на највисоко ниво се води меѓу двете земји.
Заев, како што соопшти Владата, пред делегацијата особено ја истакнал огромната поддршка која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија за остварување на евроатлантските интеграции, што претставува дополнителна мотивација за забрзување на реформите за економскиот просперитет на сите граѓани.
Во рамки на состанокот со Заев, претставниците на британската Влада го поздравиле Договорот помеѓу Македонија и Грција за прашањето за името и стратегиска соработка, изразувајќи уверување дека подобрувањето на односите со Грција и со останатите соседи додава енергија за остварување на перспективите на Македонија во Европската унија и НАТО.
На средбата станало збор и за детали од претстојниот Самит посветен на Западен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 9 и 10 јули во Лондон, а на кој една од главните теми ќе биде помош при дигиталната трансформација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

