Македонија
Заев пристигна во Тирана на трет состанок со Вучиќ и Рама
Премиерот Зоран Заев пристигна во Тирана на состанокот за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан.
На оваа трета сесија од серијата состаноци, по Нови Сад и Охрид, чиј домаќин е албанскиот премиер, Еди Рама, покрај Заев, ќе учествува и српскиот претседател, Александар Вучиќ.
На аеродромот во Тирана премиерот Заев беше пречекан од министерот за земјоделство и рурален развој во албанската влада, Бледи Чучи, а првата неформална средба лидерите ја одржаа доцна попладнево.
Премиерот Заев, заедно со другите лидери, вечерва ќе го проследи концертот „Никогаш нема да бидеш сам/а“ како донаторски настан за реконструкција на штетите од земјотресот од 26 ноември годинава мој го погоди градот Драч, но и други населени места во Албанија.
Централните активности почнуваат утре со работната сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан по што ќе следува и пленарната сесија, на која учество ќе земат и претставниците на политичките и финансиските институции на ЕУ, од Светската банка, од Советот за регионална соработка (RCC), како и претставници на Стејт департментот на САД.
За заклучоците од оваа сесија на иницијативата за унапредување на соработката на Западен Балкан, лидерите ќе информираат на прес-конференцијата в недела, која ќе се одржи како завршница на средбата.
Како дел од програмата учесниците на состанокот во Тирана ќе го посетат Драч како израз на поддршка на граѓаните погодени од трагичните последици на земјотресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

