Македонија
(Видео) Заев: При коалирањето ќе се држиме до принципите на одговорно работење, не може да прави кој што сака
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција рече дека очекува чист мандат од 61 пратеник, при што не одговори конкретно дали доколу ДУИ го освои мнозинството пратеници од албанскиот блок, ќе биде партнер во идната влада. Тој порача дека без оглед на тоа кои партии ќе бидат дел од коалцијата, идната влада и идниот парламент мора да бидат стабилни бидејќи во периодот што следува ќе мора одговорно и посветено да се работи на патот кон евроинтеграциите и подобрување на економскиот развој.
„Мора да се запазат принципите на одговорно работење и при коалирањето ќе се држиме до тоа. Не може да дозволиме дивоградби среде Охрид или среде Матка, не може тоа да помине тукутака. Народот знае и гледа сè, мора да има одговорност за сите, не може да прави кој што сака. Затоа што во еден дел граѓаните ни кажаа ‘ок’ за ЕУ, НАТО, преспанскиот договор, договорот со Бугарија, се решаваат битни работи, сега нема да ни прогледаат низ прсти во периодот што ни претстои. Затоа, партиите мора да работат на своите грешки да се менуваат кон подобро. Ние како партија сакаме да се подобриме, знаеме дека имавме пропусти и тоа мора да го надминеме. Ако ги менуваме партиите, ќе ја подобриме и државата на подобро. Ќе споменам уште еднаш, затоа ние формиравме комисија која ќе ги избере и понуди најдобрите кадровски решенија за претстојните избори“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали СДСМ ќе коалира со ДУИ доколку оваа партија пак го освои мнзинството кај албанските гласачи.
Заев рече дека очекува победа со 61 пратеник, при што рече дека новата влада ќе биде разнолика и во неа ќе има застапеност на сите етнички заедници, не само на албанската.
„Ние сме сигурни дека ќе имаме чист мандат и со повеќе од 61 пратеник. Но, ние не бараме толкав број на пратеници да владеме апсолутно и сами да носиме одлуки и опозцијата треба да е дел од тие одлуки. Мора да се запази мултиетничкиот состав на владата затоа што живееме во такво општество. Во идниот состав на владата треба да има еднаков простор и за партиите од етничките заедници не само за партиите од албанскиот блок. Но, без оглед кој ќе го освои мнозинството пратеници од албанскиот блок, ќе мора сериозно и посветено да се постави за да формираме стабилна влада“, рече лидерот на СДСМ.
Што се однесува до кампањата, Заев рече дека СДСМ ќе се фокусира на позитивно водење на кампањата, при што ќе изнесе контра аргументи на, како што рече, лажните вести што ги пласира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Не сакаме да имаме негативна кампања. Свесни сме на лажните вести што ги шири опозицикста ВМРО-ДПМНЕ. Но, еве камапњата почнува набргу и ние имаме аргументи со кои ќе ги разобличиме овие лажни вести што се шират. Слушнав дека ние сме ја испразниле хидроцентралата ‘Калиманци’. Не знам како може да се пуштаат вакви информации кога тоа не е наша одговорност, за тоа си постои ЕВН. И не ми е јасно како нивниот лидер Мицкоски, кој е експерт од оваа област, да премиене преку ова. Но, ќе повторам, ние ќе се бориме против сето ова затоа што на лагата ѝ се кратки нозете и вистината секогаш излегува на виделина“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

