Македонија
Заев: Сведочењето за „Монструм“ беше трауматично за мене, но мора да се дојде до вистината
Експремиерот Зоран Заев по сведочењето за случајот „Монструм“ во Кривичниот суд изјави дека за него, ова е траума, но два и пол часа давал исказ за да се дојде до вистината.
„ПИ-мерките беа јасни во тоа време за осомничените. Тие се дел од разговорите од неовластеното прислушување. Истрагата може ќе покаже дека некои се виновни, други не се. Јас не оценувам кој е виновен, а кој не. Ако постојат докази за вина, тогаш треба да има вина. Ако нема вина, нема вина. Постои независно судство и така се носи сега правдата во правна држава“, рече Заев и додаде:
„Ние имаме не докрај потпишани договори со Косово и веројатно тоа се причините поради тоа зошто не се испорачани осомничените. Не може Косово тоа што според закон не може да се испорача“.
Заев сведочеше на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд по барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро во април 2012 година.
Тој рече дека сите материјали ги доставил до СЈО, а дека некои од аудиоснимките им ги пуштил, но не им ги дал на родителите. Заев пред судот изјави дека нема сознанија за вмешаност на лица во случајот ниту од неговата партија СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ.
Во петкратното убиство на 12 април 2012 година беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, а на осудените им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето, „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

