Македонија
Заев: Се надевам дека утре ќе постигнеме договор за покачувањето на платите во образованието
Премиерот Зоран Заев најави дека утре, заедно со министерот за образование, Арбер Адеми, ќе се сретне со претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и ќе се обидат да најдат заедничко прифливо решение за покачувањето на платите во овразованието.
Заев упати апел до професорите и наставниците да не грижат дека има пари во буџетот за повисоки плати.
„Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, платите во образованието ги покачи двапати или вкупно 10 проценти. Ние за 2 години ги покачивме над 10 проценти, ќе си стоиме на зборот и ќе ги покачиме уште 10 отсто, како што најавивме, од април. СОНК бара тоа да биде од јануари, утре имаме средба, ќе побараме да имаат трпение затоа што има проектиран буџет за таа намена, за среќа, буџетот не го тршиме на глупости. Ќе ги покачиме платите без денар задолжување. Нашата проекција е со ова покачување наставниците да достигнат плати повисоки од просечната“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

