Македонија
Заев се сретна со високи претставници од Република Чешка
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари средба со високи претставници од Република Чешка предводени од специјалната претставничка за Западен Балкан за надворешни работи на Чешка, Јанина Хребичкова.На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, како и реформите и напредокот што го постигна државата изминатиот период .
Претседателот Заев зборуваше за последните случувања во нашата држава и успесите кои ги постигнавме за краток период од 2.5 години. Во таа насока ги посочи Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија, кои беа клучни во градењето на добрососедски односи , коешто е пак многу важно за целиот регион, односно целиот Балкан. Со тоа се затвори едно отворено повеќедецениско прашање, а истовремено беше поздравено како голем чекор напред на нашата држава.
Благодарение на тие храбри чекори и историски одлуки денеска нашата држава Република Северна Македонија станува рамноправна членка на НАТО-сојузот, а останува уште формалноста на ратификација во парламентот на Шпанија, истакна Заев.
Претседателот Заев посочи дека Република Северна Македонија испорача вистински резултати преку вложување на многу труд, со крупни чекори и одлуки, носење важни реформи, затворање на едно големо прашање на Балканот, а при тоа бевме посочени како светол пример во регионот. Затоа очекувањата на сите граѓани на нашата држава е дека што поскоро треба да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, затоа што се што беше побарано, беше испорачано.
Од своја страна специјалната претставничка за Западен Балкан за надворешни работи на Чешка, Јанина Хребичкова, посочи дека Република Северна Македонија е препознаена како земја која многу вложи и сè уште работи напорно на спроведување на реформите во државата и целосна трансформација на општеството, со цел носење на европските вредности и станување на еднаква со европските држави и токму затоа има огромна поддршка од Република Чешка и заслужува да биде дел од големото европско семејство.
Претседателот Заев истакна дека нашата земја отсекогаш имала добра соработка со Република Чешка и се надева дека таа соработка во иднина ќе стане уште поголема со оглед на тоа дека двете држави имаат слични ставови по многу прашања, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

