Македонија
Заев се сретна со францускиот амбасадор: „Франција ни е голем пријател“
Франција е голем пријател на Северна Македонија, а искреното пријателство помага во демократските и интеграциските процеси на нашата држава. Ваков е заклучокот од средбата што ја оствари премиерот Зоран Заев со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.
За време на состанокот, премиерот Заев информираше за споделената определба со францускиот премиер Едуар Филип во Познањ, Полска, да се интензивираат и билатералните односи меѓу двете земји, со унапредувања во повеќе области, меѓу коишто и економијата.
На состанокот со францускиот амбасадор е разговарано и за имплементацијата на потребните реформи и за важноста од покажување одговорност од страна на сите политички субјекти и општествени чинители, за прашањата од државен интерес.
„Силно сме посветени на практична имплементација на сите донесени закони и реформски чекори. Нашата определба како Влада е, во следниот период, заедно со опозицијата, уште пофокусирано да се посветиме на решението за Законот за јавно обвинителство. Ефикасно правосудство и борба против корупцијата се двете важни области за нашата држава, којашто е европски определена и очекува исчекор во октомври во делот на евроинтеграциите“, рече премиерот Заев.
Тој разговараше со францускиот амбасадор Тимоние и за економските чекори што ќе се преземат со цел зголемување на платите и пензиите и поголем економски раст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

