Македонија
Заев се сретна со членовите на Dancers United, кои освоија златен медал во Италија
Премиерот Зоран Заев се сретна со членовите на групата Dancers United, кои освоија златен медал на Светскиот куп во рамки на Европското првенство во Римини, Италија, во 2019 година, како и први места на Светското првенство во Полска и Европското првенство во Италија во 2018 година. Со нив беа и нивните родители, тренери и ментори.
„Браво членови на Dancers United. Нашата земја и нашиот народ се горди на сите вас. Ова што вие го правите за промоција на државата е амбасадорски успех. Вие продолжете со вашите заложби, а сметајте и понатаму на мојата поддршка и на поддршката на Владата во сите ваши нови предизвици“, рече Заев.

Тој ги слушна убавите искуства од настапот во Римини, Италија. Тие соопштија дека членовите на Dancers United се веќе препознатливи и за европската и за светската јавност. При тоа изразена е посебна благодарност до премиерот Заев, до кабинетот на премиерот и до Владата, за поддршката којашто придонесува во нивната презентација во светот, како и во мотивацијата, поради поддршката и признанијата што ги добиваат во својата држава.
„Во име на Владата, на танчерите од Dancers United им доделувам Признание за ентузијазмот, трудот и упорноста со коишто членовите на оваа танчерска група успешно работат на инклузија на лицата со попреченост и за благородната цел – општество еднакво за сите“, соопшти премиерот Заев при врачување на признанието.
И членовите и претставниците на Dancers United му дадоа на премиерот Заев благодарница за особен придонес за талентите и можностите на групата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

