Македонија
Заев: Со вмрежувањето на младите ќе ја забрзаме европеизацијата на земјава

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими во посета директорот на Асоцијацијата на европска младинска картичка (EYCA), Манел Санчез. Со оваа средба, како што беше речено на разговорот, се актуелизира идејата за отпочнување на имплементацијата на европската младинската картичка во Македонија, со цел младите во земјава да ги користат истите бенефиции како нивните врсници од Европската Унија, што ќе донесе поголем квалитет во европеизацијата на државата.
Заев изрази задоволство што Македонија може, со свој придонес во развојот на размена на искуства идеи и човечки капацитети, да го поддржи развојот на младинските политики во рамките на Европската Унија, иако земјата сè уште не е официјално членка на Унијата.
На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, директорката на Националната агенција за европски образовни политики и мобилност, Лидија Димова, како и специјалниот советник за спорт и млади, Ѓорѓи Тасев, премиерот зборуваше за инклузивноста во пристапот, што ја засили мотивацијата на младите во креирањето на младинските политики на нашата земја.
Исто така, тој нагласи дека и институциите на земјава се спремни да се заложат за успешно имплементирање на овој проект затоа што, според него, младинската картичка дефинитивно ќе ја засили мобилноста и соработката помеѓу младите во земјава, но и помеѓу младите од соседните држави и пошироко. Претседателот на Владата на РМ, Заев, додаде дека таквата младинска соработка, интензивна комуникација и вмрежување ќе ја подобрат информираноста на младите луѓе за подобро меѓусебно запознавање.
„Тука сме да го поддржиме имплементирањето на европската младинска картичка. Овој проект е одлична мотивација за уште поголема вклученост на младите во многу сфери на општествениот живот затоа што претставува алатка за меѓусебно комуницирање на нивниот современ јазик преку заеднички теми на интерес. Со ова ги потврдуваме нашите вредности дека младите се високо на пиедесталот во нашето општество и им излегуваме во пресрет да можат да бидат на исто рамниште со своите колеги и врсници од Европската Унија и државите од европскиот континент“, рече премиерот Заев на средбата.
Директорот Санчез информираше дека веќе оваа картичка се користи во која веќе се користи во 40-тина земји во Европската Унија и изрази благодарност за отвореноста на премиерот и Владата на Република Македонија да го поддржат овој процес во блиска иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.