Македонија
Заев со косовскиот амбасадор Дедај: Северна Македонија успешен пример за целиот регион

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Џерџ Дедај, амбасадор на Република Косово во нашата држава.
На средбата се изразени честитки за формирањето на новата проевропска Влада, која, по членството во НАТО, е оценето дека успешно ќе работи и на европските интеграции, што се смета како придобивка во напредокот на целиот регион.
„Интеграциите во НАТО и ЕУ се иднината на Република Северна Македонија, но и на земјите од целиот Западен Балкан. Политиките на решенија, дома и со соседите, дури и кога станува збор за храбри и тешки одлуки, граѓаните ги почитуваат бидејќи отвораат перспективи. Тоа го покажа и дадената доверба за формирањето на новата Влада во земјата и се надеваме дека е охрабрување и добар пример за целиот регион. Во следниот период активно ќе работиме на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните за што се создадоа вистински услови по затворањето на прашањата што стоеа на патот на развојот на нашата држава“, рече премиерот Заев.
На состанокот е изразена заедничка определба за унапредување на добрососедските односи меѓу двете држави и меѓу земјите во целиот регион, со меѓусебна помош и поддршка, како во справувањето со предизвиците од пандемијата така и во економијата и на патот на евро-атлантските перспективи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.