Македонија
Заев со пензионерите во Тетово: Како млади политичири тука сме да учиме од вас поискусните
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, учествуваше на средба со Здружението на пензионерите од Тетово, на која на отворена дебата се дискутира за спроведените мерки, кои се значајни за пензионерите.
„Со чесни политики покажавме дека пензиите може значително да растат, а истовремено ја намалуваме и дупката во пензискиот фонд, денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии“, рече претседателот Заев.
Најави дека веќе од понеделник, со исплатата на јануарската пензија над 320.000 пензионери, ќе земаат дополнително 700 денари на пензијата.
„За три години, просечната пензија ја зголемивме над 1.700 денари, со последното покачување просечната пензија изнесува 15.500 денари, тоа е вистинска грижа, тоа е доказ дека сме чесни и одговорни“, истакна Заев.
Претседателот Заев потенцира и низа други мерки од кои пензионерите имаат најголеми придобивки, меѓу кои една од најважните е укинувањето на квотите за лекови, со што сега пензионерите може секој ден, во која било аптека, да дојдат до соодветниот лек.
„Ние како млади политичири сме тука да учиме од вас поискусните“, рече Заев.
Ги исполнивме најважните стратешки цели, де факто сме 30-та членка на НАТО и сме пред почеток на почнување на преговорите со ЕУ. Имаме безбедна земја во која војни, тензии и уцени се мислени именки. Имаме економски стабилна земја, земја во која младите вреди да останат“, заклучи Заев додавајќи дека за сите пензионери нивните деца и внуци се најголемо богатство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

