Македонија
Заев со рускиот амбасадор Баздникин: Очекувања за натамошен напредок на нашата држава
Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во нашата држава.
На средбата е предадена телеграма со честитки за формирањето на новата Влада на Република Северна Македонија, од рускиот премиер Михаил Мишустин до премиерот Заев, во која се изразени заложби за унапредување на билатералната соработка во иднина.
Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари со возвратен поздрав и констатација дека стратешки интерес на нашата држава се членството во НАТО и интеграциите во ЕУ, но нашата земја го почитува традиционалното пријателство со Руската Федерација и соработката во областите од заемен интерес за граѓаните, како што се економијата и културата.
„Оваа Влада има подобри шанси пред себе да го унапреди квалитетот на живот на нашите граѓани, бидејќи се затворени крупните предизвици коишто стоеја на патот на евро-атлантските аспирации. Сега Владата и јс лично се насочуваме првенствено кон резултати во економијата. На тој пат сме подготвени за принципиелна економска соработка со сите држави – пријатели на нашата земја. Цениме дека владината коалиција е поставена на стабилни основи и во очекуваниот полн четиригодишен мандат нашите цели се подобар животен стандард на граѓаните и реализација на европските перспективи“, рече премиерот Заев на средбата со амбасадорот Бездникин.
На состанокот се потврдени заедничките определби за континуитет во трговската размена и економската соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

