Македонија
Заев со честитка за Денот на младите: Одливот на млади луѓе најмногу боли, затоа работиме да ја донесеме Европа дома
Младите се изборија да седнат на владина маса за да ги кројат политиките кои се за нив најважни, а институциите дадоа поддршка и ги отворија ширум вратите за да продре младинскиот глас за младинската иднина и за иднината на Македонија, вели премиерот Зоран Заев по повод 12 август – Меѓународниот ден на младите.
Тој исто така додава дека денес младите се моќни, а не запоставени.
„Ние возрасните треба да внимаваме и да се спротивставуваме со сите сили на говорот на омраза и да дејствуваме контра политиките на поделби и конфликти кои им ја рушат иднината на младите. Тоа ни кажува за важноста на добриот збор, како и за нашата обврска да овозможиме безбеден простор и безбедна држава за младите да се развиваат и да ја градат иднината тука, во нашата земја“, истакнува премиерот.
Заев подвлекува и дека гласот на младите е гласот на иднината.
„Свесни сме за најголемата болка на нашето општество – одливот на младите. Затоа активно работиме да ја донесеме Европа дома, да обезбедиме стабилност преку НАТО, за да ја гледаат младите иднината тука и да се изградат себеси тука. Од таму е најважно, младите да не дозволат одлуките за нивната иднина да ги носат само возрасните, оти помина времето во кое старите знаеја што е најдобро за младите. Денес младите знаат што е најдобро за нив самите, а јас го слушам нивниот глас и знам дека за нив најважна е иднината, својата и таа на државата“, нагласува премиерот.
На крајот од честитката по повод Денот на младите, тој им порачува на мадите во земјава да бидат гласни критичари, будна авангарда и први предводници на убавата македонска иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

