Македонија
Заев-Трент: Референдумот е историски момент кој означува почеток на остварување на евроатлантските аспирации на Македонија
Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката на Владата на Република Македонија, Радмила Шекеринска и повеќе свои соработници, се сретна со министерката за одбрана на Република Италија Елизабета Трент, која со повеќечлена делегација е во официјална посета на нашата земја.
Премиерот Заев, со министерката Трента разговараше за претстојниот референдум, како историски момент, кој означува почеток на остварување на евроатлантските аспирации на Македонија, кои се долгогодишни стратешки приоритети на земјата.
Во разговор за идното членство на Република Македонија во НАТО и Европската унија, министерката Трент го поздрави ентузијазмот на премиерот Заев и подвлече дека доаѓа во Македонија да ја искаже поддршката на Италија за евроатлантските аспирации на Македонија и да понуди помош, доколку е потребно, за да се развива и понатаму пријателството меѓу двете земји и останатите земји во регионот на Западен Балкан.
Министерката Трента, на премиерот Заев му рече дека референдумот е важен за македонските граѓани, но и за сите други пријатели кои ја поддржуваат земјата и нејзините заложби за влез во Европската унија и НАТО.
Двајцата соговорници се согласија дека членството на Македонија во НАТО обезбедува сигурност, стабилност и безбедна иднина за сите граѓани во земјата, особено за младите, кои заслужуваат да ги почувствуваат придобивките кои ги нуди европската заедница.
Беше оценето, дека Македонија заслужува да стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса и како дел од Сојузот, да остане фактор на стабилност во регионот, како земја чија стратешка определба е да одржува пријателство и соработка со сите соседни земји.
Премиерот Заев на министерката Трент и ја повтори заложбата и политичката волја на актуелната Влада да продолжи со клучните реформи за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на безбедноста и разузнавањето и реформата на јавната администрација, со цел интеграција во НАТО и ЕУ.
Тој потенцираше дека претстојниот референдум е момент за одлука за европската иднина за Македонија и дека одговорноста е на сите релевантни политички субјекти во земјата, вклучувајќи ја и опозицијата, со која и досега заедно учествуваа во потребните реформи.
Премиерот Заев и министерката Трент искажаа уверување дека двете земји и понатаму економски ќе соработуваат и ќе се трудат да ја зголемат туристичката и културната размена меѓу Република Македонија и Република Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

