Македонија
(Видео) Заев: Фондацијата „Отворено општество“ вложи многу во Македонија
За време на режимот со сите граѓани бевме сведоци на закана за отворено општество. Поттикнати од поривот да го ослободиме, успеавме да застанеме на страната на слободата, изјави премиерот Зоран Заев на конференцијата „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?”, по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.
„Граѓаните ги реафирмираа принципите на човековите права и слободи. Само ретроградните можат да го оспорат значењето на Сорос во градењето на слободата во општеството. Фондацијата вложи многу за добро образование, здравство, плурализам во медиумите. Дадовме збор дека и ние ќе ја градиме државата со транспарентност и отчетност“, рече Заев.
Овие денови, додаде тој, сме пред историски чекор. „Изградивме пријателство со Грција во насока на решавање на 25-годишниот спор. Свесни сме дека светот ја следи оваа заложба и историска можност. Да, отворено општество има шанса во Македонија и ќе продолжиме до конешно решение. Никогаш не сме биле поблиску, мораме силно да се спротивставиме на менталитетот дека сите ни се непријатели“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

