Македонија
Заев ќе им ги врачи мандатните писма на новите министри
Премиерот Зоран Заев денеска на седница ќе им ги врачи мандатните писма на новите министри. Седницата ќе почне во 13 часот.
„На седницата претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе им ги предаде на министрите мандатните писма со утврдената мисија и задачи во нивниот мандат“, соопштија од Владата.
Новата Влада беше изгласана на собраниска седница на 30 август, а дел од неа се:
Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој ќе биде и прв вицепремиер на Владата
Љупчо Николовски – вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурс
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економски прашања;
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања;
Радмила Шекеринска – министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана;
Оливер Спасовски – министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи
Бојан Маричиќ – министер која ќе раководи со Министерството за правда;
Бујар Османи – министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи;
Фатмир Бесими – министер кој ќе раководи со Министерството за финансии;
Крешник Бектеши – министер кој ќе раководи со Министерството за економија;
Аријанит Хоџа – министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
Венко Филипче – министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;
Мила Царовска – министерка која ќе раководи со Министерството за образование и наука;
Јагода Шахпаска – министерка која ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика;
Горан Милевски – министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа;
Ирена Стефоска – министерка кој ќе раководи со Министерството за култура,
Јетон Шаќири – министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
Благој Бочварски – министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски, и
Насер Нуредини – министер кој ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

