Македонија
Законот за судска служба објавен на ЕНЕР
Предлог-законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, треба да се донесе до јуни 2025 година, информира Министерството за правда.
„Министерството за правда пристапи кон изготвување на овој закон ,во кој се внесени препораките од повеќе домашни и меѓународни извештаи и документи што се однесуваат на потребата за унапредување на статусот на судската служба , содржани во Стратегијата за човечки ресурси во судската служба и препораките од реформската агенда.
Со цел да се обезбеди независност на судството, предлог-законот предвидува изземање на судските од административните службеници регулирајќи ги правата и статусот на вработените во судската служба“.
Со ова, како што велат, се воспоставува систем за управување со ефектот на судските службеници, работните цели и задачи, утврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот на судскиот службеник.
Се интервенира во одредбите за висината на платата со цел привлекување, задржување и мотивирање на вработените; регрутирање висококвалитетни кандидати на соодветни работни места и вршење избор со помош на ефикасни и транспарентни алатки.
Оваа реформа, според ресорното министерство, е од клучно значење за мотивирање на вработените, кои треба да бидат посветени во давањето на висококвалитетни јавни услуги.
„Со ова законско решение им се излегува во пресрет на синдикатите и на нивните долгогодишни барања. Сите заинтересирани имаат можност да дадат свои коментари, предлози и сугестии на предлог-законот за судска служба, кој, според реформската агенда, треба да се донесе до јуни 2025 година“, се истакнува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

