Македонија
Заменик-министерот за одбрана, Јајага, на состаноците на НАТО-министрите за одбрана и контакт-групата за Украина во Брисел

Заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага, вчера и денес во Брисел учествуваше на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО во формат министри за одбрана, каде што главниот фокус е ставен на подготовките за самитот на НАТО во Вашингтон во jули, како и зајакнатата улога на алијансата во поддршка на Украина.
Министрите за одбрана вчера учествуваа на две засебни сесии на контакт-групата за Украина и советот НАТО – Украина, на кои стана збор за итните украински потреби во одбрана на нивната земја од руската агресија. На состаноците се разговараше и за зајакнувањето на рамката за долгорочна поддршка на Украина, која ќе овозможи предвидливост, одговорност и транспарентност на овој процес.
На денешните состаноци се разговараше за засилувањето на концептот за одвраќање и одбрана како основа за одржување безбедна и стабилна евро-атлантска област. Министрите за одбрана разговараа и за процесот на адаптација на командната структура на НАТО, имплементацијата на одбранбените планови и развојот на интегрирани одбранбени системи. Тема на состаноците беше и интензивирањето на хибридните закани, особено сајбер-заканите и дезинформациските кампањи од страна на Русија, како и нуклеарната одбрана на НАТО.
На маргините на состанокот се одржа и изложба под покровителство на специјалната претставничка на генералниот секретар на НАТО за жени мир и безбедност, Ирене Фелин, каде што беа презентирани наменски униформи и опрема за жените војници во Украина, а во рамките на агендата за жени – мир и безбедност на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Буџетот на Чаир, Бујар би го потрошил за една недела, државниот ревизор му ги извади валканите алишта на виделина

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, денеска реагираше на начинот на кој поранешниот министер Бујар Османи ги менаџирал јавните пари, предупредувајќи дека злоупотребите и вештачки надуените цени во тендерите се директна опасност за секоја институција и за буџетот на граѓаните.
„Ако само замислиме дека со вакви цени, со вакви рекетирања, Бујар ќе ја косеше тревата во Чаир исто како во салата ‘Борис Трајковски’, тогаш е јасно дека буџетот на општината ќе се проголта за една недела. Со таков начин на лошо менаџирање, наставниците ќе останеа без плати, а граѓаните без основни услуги“, изјави Меџити.
Тој се повика на последниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој како што оцени, констатирал сериозни злоупотреби при организацијата на дводневен самит, за кој биле потрошени околу два милиони евра државни пари.
„Овде не станува збор за мои зборови или политички обвинувања. Овде зборуваат фактите, документите и официјалните извештаи. А кога еден министер троши два милиони евра за дводневен самит, додека граѓаните се мачат со инфраструктура, образование и основни услови, тоа е непростливо“, нагласи Меџити.
Тој потсети и на времето кога Османи беше министер за здравство, споменувајќи дека во Гинеколошката болница во Чаир тогаш добил прекар „пациентот“ – што според него е симболичен показател за неуспешното раководење со институциите.
Меџити кој денес оствари посета на ОУ “Васил Главинов” порача дека Чаир заслужува транспарентно управување, реални инвестиции и грижа за граѓаните, а не злоупотреби и тендери со рекетирање.
„Граѓаните имаат право да знаат каде завршуваат нивните пари. Моја обврска како иден градоначалник е да ја вратам довербата и да го заштитам буџетот на Чаир од вакви злоупотреби“, заклучи тој.
Македонија
На Табановце се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Градот Скопје известуваат дека утре (петок), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.