Македонија
Запален автомобилот на пратеничка од СДСМ

Автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска-Митева, бил запален околу 1 часот по полноќ, потврдија од МВР за „Макфакс“.
Случајот е евидентиран и во билтенот на Министерството за внатрешни работи, каде што се наведува дека непознати лица синоќа околу 1.30 часот на улицата Славчо Стојменски го скршиле стаклото на возилото по што во внатрешноста истуриле запалива течност.
По вчерашното изгласување на законот за употреба на јазиците, се појавија јавни закани и вулгарни навреди упатени кон пратениците од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.