Македонија
Почна исплатата на правата од социјалната и детската заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од денес, 2 октомври 2020 година (петок), почнува исплатата на правата од социјалната и детската заштита за септември 2020 година:
Гарантиран детски додаток
Посебен додаток за месец 10/2020
ЕПП за новороденче
Родителски додаток за трето дете
Родителски додаток за четврто дете
Образовен додаток – студирање
Гарантирана минимална помош ГМП
Постојана парична помош – ретроактивна исплата
Туѓа нега
Еднократна парична помош
Мобилност и слепило
Цивилна инвалиднина
Социјано домување
Социјална сигурност – социјална пензија
Азиланти домување
Парична помош за згрижувач
Паричен надоместок за згрижувачко семејство
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во три групи во филијалите и експозитурите на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред според првата буква од презимето, и тоа:
– 5 октомври (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 6 октомври (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 7 октомври (среда) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство,и тоа од денеска – 2 октомври.
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

