Македонија
Почна пријавувањето за Визер скопскиот маратон
Денеска почнува пријавувањето за Визер скопскиот маратон. Во првите два дена пријавените ќе може да ги изберат своите омилени стартни броеви од посебно понудените рангови на броеви. Визер скопскиот маратон 2020 ќе се одржи в недела, 10 мај 2020 година.
Сите заинтересирани може да се пријават во првиот круг, кој трае до 15 октомври 2019 година.
Визер скопски маратон стана партнер со Abbott World Marathon Majors Ова е серијал од шесте најголеми маратони познат како Големата шестка, во која се вбројуваат Бостонски, Лондонски, Токиски, Берлински, Чикашки и Њујоршки маратон. Воедно, маратонската трка на Визер скопски Маратон 2020 ќе биде квалификациска трка за светското првенство во старосни категории во 2021 кое најверојатно ќе се одржи во Чикаго. Сите учесници во маратонската трка ќе добијат бодови во зависност од пласманот и резултатот и ќе влезат во ранкингот на ова натпреварување.
Визер скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

