Македонија
Почна пријавувањето за Skopje Run 10K
Ова е третата година по ред во која во октомври се очекува нов бран позитивна енергија. Минатата година во Скопје над 1.600 учесници излегоа на булеварот Илинден во склоп на Skopje Run 10K. Организатор повторно е тимот на „Визер – Скопски маратон“, Сојузот на спортовите на Скопје.
Секој заинтересиран може да се пријави од денес, 22 август 2019, по 10 часот. Тие што ќе се пријават во првите 2 дена, 22 и 23 август 2019, ќе може да го изберат својот стартен број. Исто како и претходно, на агендата се две трки, и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе почнат на 6 октомври 2019 во 9 часот. Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit-маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.
Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА).
Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојузот на спортовите на Скопје, Атлетската федерација и Атлетскиот клуб „Работнички“.
За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

