Македонија
Почна реновирањето на куќите на ромските семејства во Виница
Почна првата фаза на реконструкција и реновирање куќи на најзагрозените ромски семејства во виничката населба Блок 18. Во оваа фаза ќе се реконструираат и реновираат 11 од вкупно 22 предвидени, кои се оценети како куќи со најлоши и штетни услови за живеење.
Реконструкцијата и реновирањето на куќите е дел од проектот „Обезбедување пристојни услови за домување за ромската заедница во општина Виница – СДХ“, кој го спроведуваат ЦЕЛИМ Македонија и Ромски ресурсен центар, во соработка со Општина Виница и со кабинетот на министерот без ресор задолжен за спроведување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Во рамките на овој проект паралелно се работи и на легализација и обезбедување имотни листови за повеќе од 200 куќи во сопственост на социјално загрозени семејства, а почна и постапката за донесување детален урбанистички план за овој дел од Виница.
Со овој проект ќе се реализираат и низа други инфраструктурни работи во виничкиот Блок 18. Ќе се изгради фекална канализација во должина од 400-500 метри, локални улици во должина од 3.000 метри, ќе се изградат потпорни ѕидови на места и улици каде што постои опасност од свлечишта, ќе се постават 40 соларни светилки во досега неосветлените улици и 30 контејнери за отпад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

