Македонија
Почна санацијата на детски игралишта во Карпош

Општина Карпош почна со санација на повеќе детски игралишта. Целосно се санира детското игралиште во Влае 2, кај спортските терени, а етапно ќе се санираат детските игралишта и во другите населби.
Службите вршат поправка и санација на оштетените реквизити, нишалки и лулашки, како и на заштитните огради.
Локалната самоуправа работи и на целосно нови паркови за деца. Веќе е достапно игралиштето за Тафталиџе 2 и Нерези кај „Рафаело“. Во тек е и постапката за изведба на детска зона во Карпош 1, на улицата Иван Аговски (меѓу зградите 8 и 10). Исто така, нови детски игралиште ќе се направат и во Злокуќани и Карпош 3.
Ги повикуваме граѓаните на правилно и одговорно користење на овие игралишта, како и на урбаната опрема која е поставена во нивна околина (клупи за седење и канти за отпадоци).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.