Македонија
Почнуваат координации со соседните земји за регионален пристап за справување со коронавирусот
Министерството за здравство информира дека почнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусот. Овие подготовки имаат цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување внесување и ширење на Ковид-19 и да им се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа.
Во согласност со ова, Владата на вчерашната седница донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19 и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.
Во одлуката се наведува дека поради координации и други работни активности, поврзани со мерките за Ковид-19, за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата. Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување потребно растојание и носење лична заштитна опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

