Македонија
Почнуваат реформите во УБК – ќе се формира агенција на национална безбедност
На денешната редовна, 122. седница, Владата го разгледа и утврди новиот текст на предлог-законот за агенција за национална безбедност. Донесувањето на предлог-законот за агенција за национална безбедност ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија.
Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија преку воспоставување модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

