Македонија
Од денес зачестена дезинфекција во сите државни институции
Врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата и Министерството за здравство за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот, Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, денеска бесплатно подели средства за дезинфекција на рацете во повеќе министерства, владини институции, како и во дел од органите во состав на министерствата.
Средствата за дезинфекција на рацете се наменети за сите вработени во институциите, како и за граѓаните што ги користат нивните услуги, зашто здравјето на граѓаните е, пред сè!
Во текот на викендот, ќе се спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата.
Дезинфекција ќе се изврши и во резиденцијалните објекти на претседателот на државата и на претседателот на Владата, на клубовите на органите на државната управа (угостителски објекти), магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи при Владата.
Оваа мерка за дезинфекција, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на рацете, ќе продолжи во повеќе наврати, ќе се спроведува во институциите, особено онаму каде што се најголеми фреквенцијата и комуникацијата на граѓаните со администрацијата како придонес за спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, соопшти Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

