Македонија
Заразената докторка викендов присуствувала на конференција со 103 лица, сите се во изолација
Министерот за здравство, Венко Филипче, на попладневната прес-конференција посочи дека двајца челенови од семејството на заразената докторка Нина (Цаца) Билјановска се во изолација, а сите 64 вработени во Клиниката за кожни болести исто така ќе одат во домашна излоција во траење од 14 дена. Покрај тоа, изолирани се и 11 пациенти, кои биле хоспитлизирани на Клиниката, како и 13 лица што се лекувале во дневната болница. Докторката Биљановска во моментот се наоѓа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Министерот информира дека во текот на викендот се одржала и конфенренција за кожни болести, на која учествувале 103 експерти од областа, меѓу кои и заразената докторка. И кај нив е изречена мерка за 14-дневна домашна изолација. Меѓу нив имало и тројца грчки гости, па министерот го известил својот колега за случајот. Филипче информира дека салата каде што се одржала конференцијата веќе е исчистена и дезинфицирана.
Министерот додаде дека во овој момент се испитуваат уште осум пациенти – еден пациент со симптоми, кој престојувал во Бугарија, и неговата сопруга, патник од Сингапур, наш државјанин, кој се вратил дома, четири лица што биле во контакт со заразената двојка од Дебар и еден пациент од Гевгелија.
Резултатите за овие лица ќе излезат во исто време и јавноста ќе биде информирана за нивната состојба.
Министерот нагласи дека против докторката Нина (Цаца) Биљановска ќе се преземат казнени мерки, но не сега бидејќи е предизборие, туку веднаш потоа.
„Целата клиника е затворена 14 дена и одговорност ќе има за сите што не се придржуваат кон пропишаните мерки“, потенцира Филипче.
Министерот апелира информации да се преземаат дирекно од ресорното Министерство поради паника од лажни информации, кои, како што рече, се користат за добивање дневнополитички поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?
„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор имаме прашање до ВМРО-ДПМНЕ: дали британските медиуми лажат“, прашуваат од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ со техниката за препишување или по ново „copy-paste“ измислува оправдувања кои не поминуваат веќе ниту кај малите деца.
Фатени се во лаги, само фабрикуваат невистини. Кујната на лаги на ДПМНЕ не застанува.
Томовски нема одговор но затоа целото ДПМНЕ застана да го брани за скандалот со семејната фирма.
Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сите се негови и гледаме 5,3 милиони евра, 161 тендер за семејната фирма.
Па уште и нормално било да донира во ДПМНЕ, сите било нормално да донираат откако ќе свртат тендери и пари на граѓаните.
За злоупотреби со народните пари се оди во затвор не во партија.
Туку, да прашаме до каде се со одговорите за првата бомба и скандалот со 9 милиони евра за една форма со двајца вработени и основана лани? Зошто нема одговор?
ВМРО-ДПМНЕ на големо ги краде граѓаните додека Македонија ја претвораат во црна точка на Европла, додека коридорите европски не заобиколуваат а младите се иселуваат.
Но они претставуваат програма со 6 столбови „Ќациленд“, како Скопје 2014. Тогаш со стирпорт, а овој пат со шатори. Нив може да им текне за нови споменици од 600 милиони евра покрај тие шатори.
Велат нема мигранти а договараат 20 илјади фунти по мигрант. Еве ги чекаме да кажат дали Британците лажат? Нека одговорат. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Делови од Студеничани и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница.(општинa Студеничани и Сопиште)
Македонија
Претпладне појава на слаба магла, во текот на денот сончево и тивко
Во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.

