Македонија
Затворен за сообраќај магистралниот пат Битола – Прилеп поради сообраќајна несреќа
Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка„Лагово“.
Патот е затворен за сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрли 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во својот мандат, според партијата, не само што не успеал да направи значајни реформи, туку и потрошил значајни средства на сомнителни тендери.
„Филипче откога седна на министерската фотеља на 25 декември 2017 година се префрлија 7 милиони евра од Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија завршиле на сметката на Синерџи. Синерџи е компанија во сопственост на Горан Филипов партнерот на Катерина Савеска, тешта на Филипче. Или тештата Савеска и Филипов се јавуваат заедно како инвеститори. Само за една година од здравството на Синерџи биле префрлени два милиони евра“, пишува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ актуелната реалност која ја оставила владата на СДС е испреплетена со корупција, криминал и руинирани институции.
„Македонија е на дно во регионот по сите параметри“, велат од партијата, додавајќи дека единствениот начин за напредок е да се знае вистината за минатото.
„Неспособноста завршува со нив. Ние работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, завршија од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи ја својата посветеност на подобрување на состојбите во здравствениот сектор.
Скопје
Пожарот во зградата во Чаир уште е активен
Пожарот во зградата во Чаир уште е активен, информираше утрово Центарот за управување со кризи. Утрово интервенираат три возила.
Синоќа пожарот во скопски Чаир се одвиваше отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираа од Центарот за управување со кризи.
Пожарот кој почна во подриумски простории кои се користеле како магацин гори од вчера во 01.50 часот. Од обејктот беа евакуирани речиси 100 станари. 30 возрасни, 12 деца, едена пожарникар и полицаец беа однесени на скопските клиники поради труење со чад.
Македонија
Петрушевска: Одговорот и пристапот во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки, а за тоа е потребна и меѓународна соработка
Правото на слобода на изразување, вклучително и слободата на информирање, е камен темелник на секоја функционална демократија обезбедувајќи им на граѓаните да имаат можност да се вклучат во јавната дебата и да учествуваат во процесите на донесување одлуки, истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска, во своето обраќање во Парламентарното собрание на Советот на Европа како новоименуван шеф на делегацијата за тековниот извештај за „Борбата со дезинформации во Европа“.
Таа посочи дека во последните години можеше да се види дека оваа слобода е под значителна закана.
„Пропагандата, без разлика дали преку традиционалните медиуми контролирани од државата или брзото ширење на дезинформациите преку социјалните медиуми, стана опасна алатка за манипулација со јавното мислење, дестабилизирање на демократиите и поткопување на човечкото достоинство. Овие практики ги загрозуваат самите основи на демократските системи. Сведоци сме на ова во руската агресија врз Украина, каде што медиумите се користеа како оружје за дезинформации и на домашно и на меѓународно ниво“, рече Петрушевска.
Таа посочи дека во Западен Балкан, вклучително и во Македонија, пропагандата и дезинформациите станаа алатка за нанесување штета на политиката на проширување на Европската Унија и на европската интеграција на регионот.
Петрушевска додаде дека нашиот одговор и пристап во борбата против дезинформациите мора да бидат стратешки за што и меѓународната соработка е од суштинско значење.
„Ниту една земја не може сама да се справи со проблемот на пропаганда и дезинформации. Соработката меѓу демократските нации, медиумите и граѓанското општество е од клучно значење за развој на најдобрите практики и зајакнување на отпорноста на нашите општества против овие закани. Како креатори на политики, нашата одговорност е да ја заштитиме слободата на изразување и да обезбедиме дека нашите граѓани имаат пристап до веродостојни, точни информации кои ќе го зачуваат интегритетот на демократијата и демократските вредности во кои веруваме“, истакна пратеничката Петрушевска.