Македонија
Затворен патот Дебар-Маврово поради дупка длабока 10 метри

Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар.
Најверојатно, ова е последица на лизгање на земјиштето, а зафаќа една цела коловозна лента. Според информациите од АМСМ, дупката е со длабочина од околу 10 метри. Очевидци велат дека поради навременото превенирање од полицијата, избегнат е несреќен случај бидејќи патот е фреквентен.
Засега, патот ќе остане целосно затворен за сообраќај, поради опасност дупката да се прошири и на другата сообраќајна лента. Сообраќајот од и кон Дебар се пренасочува преку Струга. Местото го обезбедува полицијата, а на терен се чекаат екипи на ЈП „Македонијапат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

На патниот правец Тетово – Попова Шапка се укинува забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила не е веќе задолжителна употреба на зимска опрема (ланци).
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.