Македонија
Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие
Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот совет на Кривичниот суд на Денис Баруфи му изрече 2,7 месеца затворска казна, на Ален Личини му изрече 2,3 години казна затвор, на Ѓорѓе Велков му изрече две години затвoрска казна, а на Фарух Беља му изрече 2 години условна казна затвор.
Сите овие лица се вработени во управните служби на МВР. На обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна на судењето, а преку адвокатот се изјасни како виновна, ќе ѝ биде изречена казна на наредното рочиште.
„Обвинетите, за да обезбедат материјална корист, изработувале лажни патни исправи за претходно креирање двојни идентитети користејќи податоци на лица што имаат право, но никогаш не побарале и не стекнале македонска патна исправа. Ваквото постапување довело до загрижувачки последици, односно издавање патни исправи на лица со криминално досие, лица што биле барани со меѓународни потерници за тешки кривични дела, со што овозможиле слободно преминување на државните граници“, рече судијката Оља Ристова.
Обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.
Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластувањето, а едно лице е обвинето за поттикнување.
Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.