Македонија
Захариева: Говорот на омраза во Северна Македонија во последно време е целосен безобразлук
Она што се случува со говорот на омраза во Северна Македонија во последно време е целосен безобразлук, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во емисија на бугарската телевизија „Нова“ по објавата на социјалните мрежи на претседателот на Надзорниот одбор на МИА, Зоран Иванов.
Таа вели дека многупати било официјално сигнализирано за говорот на омраза од страна на Северна Македонија.
„Повеќе од една и пол година немаме одговор за програмата за култура, образование и спорт. Дури сега тие одлучија да одговорат на предлогот на Министерството за одбрана на Бугарија да им помогне во заштитата на воздушниот простор. Тие ја прекинаа работата кршејќи го договорот на историската комисија. Како жена, негодувам за нивниот јазик и сексизам. За балканскиот сексизам нема место во Европската Унија“, рече Захариева.
Таа вели дека македонската влада реагирала за статусот на Иванов кога Бугарија испратила сигнали за тоа.
„Кога 30 години не само што толерирате, туку и стимулирате државна политика заснована на омраза кон бугарскиот народ и Бугарија, не можете да бидете подготвени да почнете преговори за членство во ЕУ. Ова е во спротивност со европските вредности. Ова е нашиот аргумент“, објасни Захариева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

