Македонија
Захариева бара да се состане меѓувладината комисија за договорот за добрососедство
Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, ќе им предложи на премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, да биде свикана меѓувладината комисија за спроведување на договорот за добрососедство.
„Нашите забелешки не се само за историјата, туку и за напредокот на инфраструктурните проекти, како што е Коридорот 8. Секој што патува ја гледа состојбата на односите меѓу двете земји. Повеќе од една и пол година чекаме на програмата за соработка од областа на културата и образованието, која ја испративме, но сè уште немаме одговор од нив. Само во областа на туризмот е постигнат напредок, но ова беше пред пандемијата на коронавирусот. Овој напредок воопшто не е доволен“, рече Захариева.
Бугарската министерка повторно ги повика македонските власти да се обидат да го спроведат договорот со добра волја.
„Бугарија е крајно категорична. Ние сакаме да видиме во рамките на преговорите дека договорот ќе се спроведе, дека нема никакви претензии за малцинствата во Македонија. Има над 15.000 антибугарски публикации. Не можеме да ги едуцираме генерациите да мразат. Не можеме да бидеме сојузници во НАТО и бугарските војници да се нарекуваат фашистички окупатори“, додаде таа.
Захариева ги опиша како неосновани обвинувањата на македонскиот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, дека Бугарија го крши членот 2 од договорот.
„Ги повикувам подобро да го прочитаат членот 2 од договорот и тој го спроведува Бугарија. Во него се вели дека Бугарија ќе ја поддржи РС Македонија на евро-атлантскиот пат споделувајќи го своето искуство, но тоа не значи дека не можеме да имаме услови. Изјавата дека само Бугарија има тврдења против Македонија за исполнување на критериумите не е точна“, рече таа.
Захариева порача дека никој нема да изврши притисок врз Бугарија.
„Мојата порака до Северна Македонија е да не се потпира дека некој ќе изврши притисок врз Бугарија да замижиме на неспроведувањето на договорот за пријателство и добрососедство, што го потпишавме во 2017 година. Да се вратиме на тонот на добрососедството и спроведувањето на договорот“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

