Македонија
Захариева: Македонија и Албанија треба да бидат заедно во ЕУ
Бугарската влада го одобри предлогот за почеток на разговори за членство во ЕУ со РС Македонија и Албанија, објави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, јави БГНЕС.
Владата го усвои пакетот за проширување што ги опфаќа сите услови на Бугарија за Македонија.
„Ние ќе инсистираме на пристапување на РС Македонија и Албанија во Европската Унија во пакет“, рече Захариева, додавајќи дека раздвојувањето на двете држави би било грешка што исто така би можела да доведе до нестабилност во регионот.
Од друга страна, министерот за одбрана, Красимир Каракачанов, ја повтори својата теза дека Бугарија го поддржува членството на РС Македонија, но не безусловно.
„Историјата не може да биде компромис“, истакна Каракачанов. Тој рече дека ќе настојува на категорична промена во македонските учебници и програми и дека ова е постојан услов.
„Сакам да појаснам дека има јасно обележана фаза во позицијата на Бугарија. Нашата земја еден ден ќе се согласи на вистинското пристапување на РС Македонија само кога ќе ги исполни сите критериуми на поглавјата за преговори“.
„Бугарскиот став е јасен. Бугарија нема да ја спречи Македонија сега да ги почне преговорите. Но, пред да почнат вистинските разговори, има неколку фази, вклучително и две меѓувладини конференции. Јасно е наведено во нашиот став дека дури и пред да биде закажана првата меѓувладина конференција, Македонците мора да исполнат голем број услови “, објасни Каракачанов.
Меѓу условите е и завршувањето на работата на Меѓувладината комисија за историја, рече вицепремиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска Арабија, ја разгледува можноста за репатриација и евакуација на македонските граѓани затекнати во овој регион.
Граѓаните, како што е појаснето, ќе бидат евакуирани преку копнена граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од територијата на Кралството Саудиска Арабија.
„Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа.
Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин.
Списокот треба да ги содржи следните податоци:
– точни податоци (име и презиме)
– број на патните исправи со датум на важност,
– детали од кој граничен премин ќе влезат
– време и датум на пристигнување. и
– местото на пристигнување и заминување,
Молиме сите македонски граѓани кои се заинтересирани за ова можност да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected]
Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби“.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)

