Македонија
Захариева: Поддршката за членството на Северна Македонија во ЕУ не е безусловна
Нашата поддршка за европската интеграција на Македонија никогаш не била безусловна, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, нагласувајќи дека ова не е првпат Бугарија да поставува услови.
Изјавата на Захариева следуваше по итниот состанок со бугарскиот претседател Румен Радев, на кој се разговараше за состојбата со претстојниот датум, на кој Скопје треба да добие покана за влез во Европската Унија.
„Темата за Македонија отсекогаш била поврзана со многу јасна состојба, а тоа се добрососедските односи“, рече таа.
„Претходно, имаше филмови финансирани од државата Македонија против Бугарија“, рече Захариева во разговор за бугарската „ТВ Нова“.
Таа потсети дека уште во 2012 година имало препорака да почнат преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, а во тоа време Бугарија заедно со другите земји рекла дека не може да го поддржи членството затоа што недостигаат добрососедски односи.
„Не постои начин да се стремите да станете членка на ЕУ ако имате нерешени билатерални односи“, заклучи Захариева.
Министерката ги оцени односите со Македонија како комплексни. Сепак, додаде Захариева, двете земји активно работат во оваа насока, а во последните 2 години е постигнато повеќе отколку во претходните 30.
Захариева најави дека до крајот на годината бугарско-македонската комисија треба да напредува на важни теми поврзани со историските личности, како што е Гоце Делчев и Илинденското востание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.

