Македонија
Захарова: Забраната на Бугарија за прелет на рускиот авион кон Скопје е опасна глупост

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека е опасна глупост одлуката на бугарските власти поради неа да го затворат воздушниот простор за авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Злобната глупост на русофобите придонесе првпат во нашата историја официјални власти да забранат не авион на небото, туку човек во авион. Така било напишано во официјалната белешка на бугарското МНР – авионот може да прелета над Бугарија, но Марија Захарова не може да патува во авионот“, вели Захарова.
Таа иронично додава дека во бугарската белешка немало ништо за тоа дали може да лета над Бугарија без авион или низ вселената.
Како што синоќа објави „Макфакс“, повикувајќи на се на руската новинска агенција ТАСС, Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје на крајот стигна преку Грција, а не преку Бугарија, како што се мислеше до последен момент. Во писмото од бугарското Министерство за надворешни работи, во кое увид имала агенцијата ТАСС, се наведува: „Дозволата не важи за портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции во согласност со важечките закони на ЕУ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, максималната температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Во среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
Македонија
Меџити го претстави мега-спортскиот проект во Чаир

Првиот Заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денес го претстави најголемиот спортски проект во историјата на Чаир, трансформација на напуштениот базен во нов, модерен спортски и рекреативен центар.
Овој амбициозен проект, конципиран по примерот на познатите спортски центри „Јане Сандански“ во Аеродром и „Борис Трајковски“ во Карпош, има за цел да донесе мултифункционален центар според европски стандарди, во срцето на Чаир.
„Комплексот ќе содржи: голема спортска сала за ракомет, одбојка и кошарка со капацитет од над 3.000 гледачи, затворен фитнес центар, сали за пинг-понг и боречки спортови како карате и бокс; како и надворешни игралишта за мал фудбал и две кошаркарски игралишта – отворени и достапни за сите граѓани”, информираше Меџити.
Според него, проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство, при што Општина Чаир ќе ги обезбеди сите правни и институционални предуслови во целосна соработка со централната власт.
„Инвеститорот што ќе биде избран, ќе има обврска да изгради центар што ги исполнува современите стандарди и да понуди одржлив модел на функционирање. За возврат, ќе има право да го користи комплексот во рок од 20 до 30 години“, изјави Меџити.
Тој додаде дека по истекот на тој период, овој модерен спортски и рекреативен центар ќе стане целосна сопственост на Општина Чаир и на сите наши граѓани. Со одлука на Влада на РСМ е дадено на трајно користење на Општина Чаир и Општината може да управува односно да ги спроведе сите процедури кои се потребни за реализација на овој проект.
Време е и Чаир да добие спортски центар од европски ранг, порача Меџити за време на презентацијата.
Македонија
(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во реон на село Никуштак на Скопска Црна Гора и притоа исфрли преку 30 тони вода, соопшти МВР.
– Активностите на полициските хеликоптери продолжуваат и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава, известува МВР.