Македонија
Макрадули во Битола: Заштитата на животната средина – приоритет за сегашните и идните генерации
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска беше во работна посета на Општина Битола, каде што градоначалничката Наташа Петровска го информира за преземените активности во областа на животната средина и вложените инвестиции.
Тие заеднички ја посетија пречистителната станица за селата Магарево и Трново, проект финансиран од страна на Европската Унија, во вредност од 9.018.336,00 денари, имплементиран преку партнерот УНДП. Воедно, Петровска посочи дека со средствата од Министерството за животна средина во висина од над 3 милиони денари се направи дел од колекторскиот систем на потегот од местото Црвени Петли до хотелот „Шумски фенери“, а со средства од Општина Битола во вредност од 17 милиони денари се направи потегот од „Шумски фенери“ до трафостаницата и испустот од пречистителната станица до реципиентот. Таа истакна дека поставувањето приклучоци кај индивидуалните домови е веќе при крај од страна на КЈП „Нискоградба“.
Сумарно, во овој дел од потпелистерието за заштита на животната средина издвоени се над 32 милиона денари, или над 521.000 евра.
При посетата на инфоцентарот на НП „Пелистер“, Макрадули и Петровска се сретнаа со директорот Амет Алиу и разговараа за тековните проекти и заштитата на животната средина во рамките на најстариот национален парк во државата, како и за меѓуграничната соработка со Грција и Албанија.
Петровска како најнов момент нагласи дека е одобрен проектот за реконструкција на локалниот пат за селото Магарево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

