Македонија
За бегството на терористот Рамадани виновни се Владата и правосудниот систем, обвинува Левица
„Нема сомнеж дека бегството на Блерим Рамадани, обвинет за тероризам е целосно реализирано, а припадникот на терористичката УЧК, баран со потерница на Интерпол, наместо пред истражните органи, ужива во своето ‘херојство’ на Косово и Метохија. Информацијата веќе е потврдена од повеќе извори и се случува непосредно откако Премиерот најави тајни заговори за дестабилизација на државата“, реагира Левица.
„Бегството на Рамадани е проследено со низа јасни укажувања на политичко вмешување во негова реализација (што ги овозможува предусловите за реализација на бегство) и низа ‘пропусти’ кои следуваат како резултат на истата. Најпрвин, коалицискиот партнер на Мицкоски, министерот за здравство – Таравари, пуштањето на Рамадани во куќен притвор го претстави како ‘добиена битка’, за подоцна, буквално, да се фали за ослободување на терорист и дека тоа сите ги прави среќни, што како чин направен од министер, во најмала рака е надвор од здрав разум“, велат од партијата.
Додаваат дека целиот случај бил симптоматичен од самиот почеток.
„Судот донесе одлука наместо мерка притвор, странски државјанин да биде во домашен притвор кај роднини (што ги овозможува предусловите за реализација на бегството) за што треба да се понесе сериозна одговорност.
Потоа, полицијата на Тошковски, свесно не поставила обезбедување на притворот на осомничен за тероризам, (што ги овозможува условите за реализација на бегството) и ги изнесува целосно на површина индикациите дека станува за политички договор.
На крај, лицето успешно е пренесено преку граница (што е целосна реализација на бегството), а можноста за истата да се реализира без знаење на државата (власта) е само наивна приказна.
Целиот парадокс го комплетира формирањето ‘Специјална комисија’ за расчистување на случајот! Фактот што Владата не бара одговорност во сопствените редови за пропустите направени од МВР, туку во останатите институции само укажува дека коалицијата на власт има намера да го заташка случајот. Потсетете се на тоа како собраниската комисијата за Онкологија го ‘расчисти’ тој случај. За жал, наместо државен апарат кој ќе го заштити јавниот интерес, продолжува да функционира државниот апарат кој ги штити само интересите на криминалните моќници блиски на владејачката елита! Македонија останува држава во која се оди во затвор за украдени ќебапи, а на слобода – за тероризам. Одговорноста за бегството на осомничен за тероризам мора да сносат и извршната, и судската власт“, се вели во реакцијата на Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

