Македонија
За воведување на карантин во Куманово ќе се дискутира на владина седница
На владина седница ќе се разговара дали во Куманово ќе биде воведен 14 дневен карантин, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тој објасни дека при носењето на мерките ќе се земат в предвид големината на градот, опкружувањето, регионот што го опфаќа, како и ефектите што ќе ги дадат овие мерки.
„Ситуацијата е сложена во повеќе градови, а меѓунив е и Куманово кадешто имаме зголемен број луѓе инфицирани, а тоа говори за фактот дека и посветеноста на Владата во овој дел е насочена многу на справување со целата оваа состојба. Од една страна да го одржиме стабилен здравствениот систем и од друга страна максимално да им се помогне на граѓаните преку препораките што ги носиме и преку нивно почитување“, изјави Спасовски.
Во Куманово до денеска, позитивни на коронавирус се 320 лица, од кои 9 новозаразени во изминатото деноноќие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

