Македонија
За еден осуденик државата плаќа над 10 илјади евра годишно или 2.100 денари дневно, вели Пандов

Македонските затвори се преполни, вкупно има 2400 затвореници , а уште приближно толку треба да влезат во затворите алармираше утринава директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.
„Еден затвореник државата ја чини 10 илјади евра годишно или 2100 денари дневно, мора да се растеретат казнено поправните установи“, рече Пандов.
Според него има неколку начини да се растеретат казнено поправните установи а тоа е преку условен прекин на казната, електричен надзор и подобра ресоцијализација на затворениците затоа што 60 проценти се повратници.
Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.
-Ние ќе имаме супер нов притвор во самиот затвор Идризово, и главен – централен притвор во Македонија би бил во Идризово со над 400 кревети капацитет и би имале современ затворен дел кај што се најтешките казни каде што лежат затворениците над 10-15 години, односно и доживотно, имаме ние 50 доживотни казни во Македонија и се надевам дека до крајот на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ дека Идризово ќе биде веќе тоа се изградено и дека ќе биде сето тоа ставено во функција, изјави Пандов.
Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
До 17 часот гласале 39,61 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.221 избирачки места, односно 92,72 отсто од вкупниот број, до 17 часот и 20 минути часот гласале 39,61 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран ,Зелениково, Карбинци, Конче, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка и Чучер Сандево.
Најмала излезеност има во Шуто Оризари каде гласале 30,38 отсто од гласачите, Радовиш – 31, 57, Маврово Ростуше 25, 89, Пласница 32, 87 и Врапчиште 20, 94 отсто.
Во општините во Град Скопје излезеноста до 17 и 20 часот е следна: во Аеродром гласале 39, 32 отсто, Бутел 42, 29, Гази Баба 35, 55, Ѓорче Петров 37, 73, Карпош 42, 86, Кисела Вода 39, 37, Сарај 47, 94, Центар 42, 35, Чаир 45,09, Шуто Оризари 30,38 отсто.
Од ДИК соопштија дека гласањето се одвива непречено и до нив досега нема пристигнато поплаки или неправилности со кои се соочиле избирачките одбори или гласачите на терен.
Македонија
Утре сончево време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
ДИК: До 15 часот гласале 31,16 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.167 избирачки места, односно 91,16 отсто од вкупниот број, до 15 часот гласале 31,16 отсто од гласачите или 515. 069, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Берово, Богданци, Валандово, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Кратово, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чашка.
Најмала излезеност има во Центар Жупа, Радовиш, Маврово и Ростуше, Гостивар и Врапчиште.
Во Град Скопје до 15 часот излезноста е 31,16 отсто.
Во Аеродом гласале 31, 50 отсто од избирачите, во Бутел 33, 01, Гази Баба 27,82, Ѓорче Петров 30,11, Карпош 33,37, Кисела Вода 31,58, Сарај 36,33 во Центар 34,40, Чаир 35, 30 и во Шуто Оризари 21,99 отсто.
Од ДИК информираа дека досега нема пристигнато приговори за неправилности на избирачките места.
На едно избирачко место во Карпош се преминало на стариот начин на гласање со УВ лампа и спреј затоа што се заглавила СИМ картичката на уредот за биометриска индентификација.