Македонија
За жалбата за суспензијата на Русковска се дебатира зад затворени врати
Поради списите во предметот и заштита на интегритетот на обвинителката Вилма Русковска, Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста додека се разгледува материјалот и се разговара за него. Со двотретинско мнозинство, сите обвинители беа едногласно согласни дека новинарите и невладините треба да ја напуштат седницата.
Во списите кои ги добил Советот на јавни обвинители, ја има кривичната пријава против Русковска поради која е суспендирана, но и преписки кои обвинителката ги имала.
Детали од жалбата на Русковска не се откриваат. Жалбата беше поднесена во минатата недела, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше.
Како причина за суспензијата беше наведено тоа што против Русковска се води кривична постапка, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.
За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

