Македонија
За Илинден Заев во Благоевград, Мицкоски во Ташмаруништа

Премиерот Зоран Заев од кумановско Пелинце каде што ќе држи говор во рамки на одбележувањето на Илинден, утре попладне ќе замине за Благоевград. Таму заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе ја одбележат 115-годишнината од Илинденското востание. Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, ќе присусутвува на 70-тата културна манифестација „Илинден“, која традиционалано се одржува во струшкото село Ташмаруништа.
Дел од прославата на Илинден во Крушево ќе биде претседателот на државата, Ѓорге Иванов, каде ќе има и свое обраќање, а според најавите на Мечкин Камен ќе присуствува и в.д. заменик-помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој е во Македонија во знак на поддршка за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.
Во Скопје свеченоста за Илинден почнува пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев, каде цвеќе ќе положи претседателот на Собранието, Талат Џафери, и владина делегација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„ЈО не смее да затвора очи при очигледните сомнежи за криминал и милионските суми кои завршиле во бугарските фирми на Заев и Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Помина веќе една недела како ги покренавме прашањата за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е 100% сопственост на Венко Филипче, и е на иста адреса со фирмите на Заеви, за три пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, со компанијата Зобек мининг груп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое е поклон, а го возеше и во предизборната кампања и е од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ.
Од Венко Филипче и СДС и понатаму молк. Дали Филипче и СДС немаат став или молкот е нивна стратегија со цел да се заборават скандалите тоа е нивна одлука.
Но молкот на Филипче и СДС е потврда на сите поставени прашања. Колку и тие да молчат силно одекнаа скандалите на фирмите и шемите кои ги креирале со кланот Заеви и испумпале милионски суми врз грбот на народот кој плаќал повисоки сметки за струја.
Венко Филипче и СДС со години ја експлоатира државата и јавните интереси на граѓаните за свои лични цели и тесно партиски интереси.
Додека Филипче се обидува да ги прокламира социјалдемократските вредности кај членството на СДС, граѓаните имаа можност да ги видат шемите за милионски профити на бугарски фирми и адреси кои ги креирале заедно со кланот Заеви. За бизнисите во Македонија, Бугарија, соседството, Персискиот залив и Дубаи.
Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но ЈО не смее да молчи и да затвора очи при очигледните сомнежи за милионски криминал, граѓаните ја знаат вистината.
ЈО да не молчи и да покрене постапка за сите изнесени сомнежи во јавноста“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

Македонија се гради. Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, најавуваат од Владата.
Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец, како што е појаснето во официјалното соопштение изнесуваше 11,7 милиони евра.
„Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.
Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.
Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија“.
Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.