Македонија
За Меџити, „позитивни промени“ се непотизмот со негативна селекција во здравството и нерешавање на случајот на Онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во секторот здравство никогаш не било полошо, а секојдневно пациентите и здравствените работници го чувствуваат на свој грб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Има враќање на здравството за децении наназад каде освен „ќе“ проекти за „ќе здравство“ има и низа скандали кои кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити кој преку празни пиар флоскули напразно пробува да ги претстави како позитивни промени. Меџити, четвртиот министер за здравство во Владата на СДС и ДУИ е само континуитет и синоним за владеење со коруптивни скандали, вработувања по непотизам, и „ќе“ проекти кои оваа власт иако цели седум години буквално ги преспа, сега предизборно и манипулативно по најмалку десетици пати ги најавуваат со „ќе“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ
Според нив кога веќе кабинетот на Меџити ги користи фразите „лаги и манипулации“, како и тоа дека воведувале „позитивни промени“ прво треба да се даде одговор на следните прашања од поглавјето „позитивни промени“ на Меџити.
„1. Дали се ангажирани сестрата и братот на сопругата на Меџити во кабинетот на министерот и дали за вакви „позитивни промени“ зборува истиот тој кабинет во празните реакции?
2. Дали и сопругата на министерот за правда, Лога кој доаѓа од истата партија како Меџити се вработува на Клиниката за стоматологија?
3. Дали кога кабинетот на Меџити раскажува приказни за позитивни промени во здравството мисли на немањето одговорност и непреземање мерки по случувањата во ГОБ „8 Септември“ каде загрозена е безбедноста на здравствените работници кои иако се зачестени, сепак ништо не е преземено од раководството кое нема мрднато со прст да ги заштити своите вработени?
4. Дали „позитивни промени“ според „врвни успеси и експертиза“ е и назначувањето на директор на Клиника за неврологија, па отворено е прашањето дали немаше друг доктор со искуство од Клиника, па мораше да се донесе директор од Тетово, без искуство на терциерно ниво на здравствена заштита?
5. Кога сме кај „позитивни промени“ за Меџити прашуваме дали претседавачот на Советот во Гостивар исто така, поради „експертиза“ или политички мораше да се вработи во терциерно здравство и планот е да се вработи преку Клиниката за токсикологија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, за овие и други конкретни примери постојано пристигнуваат информации по објавата на ВМРО-ДПМНЕ за напотизам и нерегуларни вработувања при кои инстантно се завршуваат процедурите за разлика од сите останати здравствени работници за кои се долги и комплексни, а посебно за тие што работат со договор на дело.
„За оваа група вработени токму предизборно и манипулативно сега се ветува решавање на статусот иако седум години не им беа доволно да мрднат со прст. Освен на погоре наведените Меџити треба да одговори и на други прашања како:
Прво, дали кога без срам го користат зборот „позитивни промени и реформи во здравството“ воопшто помислуваат и на најголемиот скандал во историјата на македонското здравство – случајот со злоупотребите на лекови на Онкологија кој уште нема завршеток?
Второ, дали таквиот континуитет во немањето одговорност по примерот на случајот со горењето на модуларната болница во Тетово, направена со изолација од пур пена, каде имаше 14 мртви пациенти и нула одговорност е исто „позитивен пример“ за владеењето и за четвртиот министер?
Трето, дали кога збори за континуитет и за позитивни примери Меџити мисли и на обидите на власта на СДС и ДУИ за приватизација на биохемиските лаборатории, за приватизација и концесија на Итна медицинска помош, дури и за ГОБ „8 Септември“, и сето тоа со една цел за лични потреби и лични профити?
Четврто, кога веќе зборуваат за лаги и манипулации да одговорат зошто се манипулира цели сеум години со ветувањето за укинувањето на организациските директори?
Петто, дали можеби за оваа власт позитивен пример се и наместените огласи за вработувања и тендери кои се почесто одговараат само на еден понудувач? Време е да се стави крај на вакви скандалозни постапки од надлежните во здравството. Во Македонија никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

