Македонија
За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус
За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото деноноќие.
Од Министерството за здравство велат дека вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Останува доследно да се почитуваат мерките, а еднствен начин да се намали бројот на жртви е масовната вакцинација.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.
Регистрирани се 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68611, активни 189
Куманово 8868, активни 52
Прилеп 8318, активни 33
Тетово 7232, активни 28
Битола 6304, активни 18
Велес 5471, активни 3
Гостивар 5180, активни 14
Кавадарци 5153, активни 0
Охрид 5011, активни 19
Штип 4959, активни 2
Струмица 4113, активни 6
Струга 2981, активни 4
Кочани 2791, активни 4
Кичево 2578, активни 26
Гевгелија 2195, активни 3
Неготино 2184, активни 4
Свети Николе 1523, активни 1
Ресен 1234, активни 0
Крива Паланка 1222, активни 2
Радовиш 1161, активни 7
Берово 1029, активни 0
Делчево 972, активни 4
Дебар 941, активни 2
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 376, активни 3
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 2
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

