Македонија
За три дена, постигнат историски договор со тутунарите и оризопроизводителите за највисока цена, велат од Владата
Според Владата, за прв пат после 7 години, постигнат е историски договор со тутунопроизводителите.
„По разговорите со откупувачите на тутун и тутунопроизводителите се донесе одлука за зголемување на цената откупен тутун по килограм од 400 денари, како и дополнително 100 денари субвенции. Ова значи дека секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун. После долги години на понижување, омаловажување, тутунарите го добиваат заслуженото. Владата преку низа на мерки и проекти ги решава наталожените проблеми со кои се соочуваат тутунарите“, се истакнува во соопштението.
Само три дена претходно, како што додаваат, Владата по интензивни средби со оризопроизводителите донесе одлука да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, како и субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната година.
Со ов, според владините служби,а директно се помага на земјоделците и се вреднува нивната мака и труд.
„Земјоделците заслужуваат пристојни услови за живот.
Го враќаме достоинството на македонските земјоделци и се грижиме за нивните барања.
Продолжуваме посветено и одговорно да носиме одлуки во интерес на сите граѓани“, додаваат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

