Македонија
За три дена, пријавени тројца починати, регистрирани 108 новозаразени од коронавирус
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.9 до 2.10.2022):
Направени се 976 теста, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.
Регистрирани сe 135 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (30.9 – 2.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две од Охрид (81 и 89) и едно починато од Кратово (72), сите се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се пријавени починати лица.
Направени се 976 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб лаб-41, ВФВ медикал-3, Ели медика плус-2, Ројал медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 466.
Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 161.537, Активни 307
Куманово 18.216, Активни 16
Битола 17.940, Активни 33
Прилеп 15.495, Активни 20
Тетово 14.466, Активни 13
Кавадарци 12.082, Активни 12
Велес 10.796, Активни 4
Охрид 10.308, Активни 8
Гостивар 10.274, Активни 1
Струмица 8.778, Активни 4
Штип 8.758, Активни 14
Кичево 6.073, Активни 7
Кочани 5.544, Активни 0
Струга 5.171, Активни 0
Гевгелија 4.878, Активни 2
Неготино 4.142, Активни 3
Ресен 3.029, Активни 6
Радовиш 2.836, Активни 4
Свети Николе 2.794, Активни 1
Крива Паланка 2.662, Активни 2
Делчево 2.183, Активни 0
Берово 1.874, Активни 1
Дебар 1.812, Активни 0
Валандово 1.600, Активни 0
Виница 1.478, Активни 1
Пробиштип 1.299, Активни 0
Кратово 1.128, Активни 4
Богданци 1.101, Активни 1
Крушево 1.037, Активни 0
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 799, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

