Македонија
За три дена регистрирани 614 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица
Во последните три дена (од 19.08 до 21.08.2022) направени се 1.804 тестови, а регистрирани се 614 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 266, Битола – 51, Кавадарци – 43, Прилеп – 31, Охрид – 29, Куманово – 21, Гевгелија – 18, Гостивар и Кочани – по 16, Струга – 13, Тетово – 12, Штип – 11, Радовиш – 10, Велес, Кичево и Крива Паланка – по 9, Делчево – 6, Виница и Пехчево – по 5, Струмица, Ресен, Берово, Дебар и Кратово – по 4, Неготино, Крушево и Демир Хисар – по 3, Демир Капија – 2, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (614), регистрирани се 132 реинфекции.
Регистрирани сe 1.014 оздравени пациенти од: Скопје – 505, Битола – 81, Кавадарци – 61, Тетово – 45, Куманово – 42, Прилеп – 34, Велес – 32, Гостивар и Штип – по 25, Неготино – 24, Струмица – 22, Кочани – 18, Гевгелија – 17, Делчево – 11, Берово – 10, Ресен – 9, Кратово – 8, Кичево – 7, Охрид – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Радовиш, Виница и Демир Капија – по 4, Крушево – 3, Струга – 2, Пехчево, Демир Хисар, Свети Николе, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (19.08 – 21.08.2022) пријавени се 10 починати лица, од: по 2 починати лица од Охрид (70г и 88г) и Куманово (73г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Велес (80г), Гостивар (81г), Струмица (82г), Пробиштип (76г) и Штип (85г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.804 тестови преку: ИЈЗ-160, ЦЈЗ Скопје-123, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-22, ЦЈЗ Куманово-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–112, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-40, Биотек-52, Систина-40, лабораторија Лаор-7, Синлаб-10, Ремедика-5, Плодност-14, Генеа-7, Никоб Лаб-72, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932.
Досега во земјата се направени вкупно 2.143.260 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.120, бројот на оздравени пациенти е 325.645, на починати е 9.450, а бројот на активни случаи изнесува 3.025
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 159033, Активни 1119
Куманово 17964, Активни 121
Битола 17583, Активни 230
Прилеп 15272, Активни 147
Тетово 14366, Активни 84
Кавадарци 11879, Активни 113
Велес 10654, Активни 82
Гостивар 10217, Активни 56
Охрид 10099, Активни 263
Струмица 8715, Активни 75
Штип 8656, Активни 61
Кичево 6026, Активни 49
Кочани 5464, Активни 67
Струга 5143, Активни 82
Гевгелија 4787, Активни 61
Неготино 4095, Активни 50
Ресен 2989, Активни 21
Радовиш 2805, Активни 59
Свети Николе 2769, Активни 17
Крива Паланка 2607, Активни 33
Делчево 2118, Активни 63
Берово 1811, Активни 24
Дебар 1799, Активни 25
Валандово 1584, Активни 8
Виница 1468, Активни 24
Пробиштип 1296, Активни 3
Кратово 1090, Активни 14
Богданци 1083, Активни 13
Крушево 1014, Активни 22
Демир Хисар 915, Активни 12
Македонски Брод 783, Активни 6
Демир Капија 626, Активни 6
Македонска Каменица 533, Активни 3
Пехчево 511, Активни 12
Дојран 366, Активни 0
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево се укинува од 14.30 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег.
Забрана за сообрачај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

